30 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕШармантна куќа во Сардинија (фото)

Шармантна куќа во Сардинија (фото)

sar1

Со совршен изглед и многу инспиративна, „Lo Stazzo“ селската куќа во Сардинија е една од оние кои привлекуваат да бидат откриени одблиску.

Вилата со пет спални соби се наоѓа на само неколку минути од „Porto Cervo“, приморското одморалиште на северниот дел од островот.  Нејзината локација ви овозможува исклучителен степен на приватност, но во исто време ви нуди и пристап до сите области.

Сјајното архитектонско дело од камен и стакло во уредениот парк од 4.000 квадратни метри ја дефинира оваа вила за одмор. Базенот и џакузито ја дополнуваат сликата на ова прекрасно место за бегство од реалноста.

Останатите погодности вклучуваат комплетно опремена тераса за ручање и одмор. Големината на имотот е 300 квадратни метри, вклучувајќи ја дневната соба, трпезаријата и кујната. Три големи соби со бањи се наоѓаат на приземјето како и две двокреветни соби со туш бањи.

Ентериерот на вилата е привлечен во шармантно рустикален стил. Неодамна реновираната „Lo Stazzo“ селска куќа, нуди висок животен стандард, а цената варира од 1.371 до 2.731 долари за една ноќ, во зависност од сезоната.

sar2

sar3

sar4

sar5

sar6

sar7

sar8

sar9

sar10

sar11

sar12

sar13

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП