30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото е премногу силно!

Еврото е премногу силно!

montebur1

Францускиот министер за обновување на индустријата Арно Монтебур, смета дека Европската централна банка (ЕЦБ) не прави ништо за да го поттикне економскиот раст и да ја намали невработеноста.

Министерот Монтебур, во изминатите месеци во неколку наврати остро ја критикуваше ЕЦБ, а во неделниот разговор за радио „Европа“, повторно ја повика банката да интервенира на девизниот пазар, и покрај договорот со лидерите на Г20 од февруари дека ќе се воздржи од притисокот врз вредноста на валутата, со цел да и помогне на економијата и целниот курс поради подобрување на конкуретноста.

„Нашите конкуренти во светот користат курсеви“, изјави Монтебур, издвојувајќи го примерот на Кина и Јапонија. „Јас барам од претседателот на ЕЦБ, Марио Драги да ни даде оружје за борба во нерамноправниот процес на глобализација“, додаде тој.

Монтебур утврди дека еврото е „премногу скапо“ и дека и штети на економијата, бидејќи извозот го прави неконкурентен. На еврозоната и е потребна послаба валута, нагласи францускиот министер, напоменувајќи дека „нормалниот“ курс на еврото во однос на доларот би требало да изнесува 1,1 долар, односно 1,15 долари за евро, а не околу 1,3 долари за евро колку што изнесува во моментов.

Монтебур воедно ја повика ЕЦБ да вложи поголеми напори за да го поттикне растот и да ја намали невработеноста.

„ЕЦБ е необично пасивна во период во кој ни се потребни нејзините залагања“, заклучи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП