30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИClassic - Новиот смартфон кој треба да го спаси BlackBerry

Classic – Новиот смартфон кој треба да го спаси BlackBerry

classic bb

Канадскиот производител на смартфони вчера го претстави новиот модел наречен „Classic“, а на него се доделени надежите за спасување на овој производител на мобилни уреди.

Новиот модел најверојатно ќе е многу познат на симпатизерите на овој бренд. Тој е со истата физичка тастатура, со која компанијата има стекнато популарност.

Од „BlackBerry“ се заложиле исто така на издржливоста на батеријата, која според Џон Чен, Извршниот директор, е со живот со 50% поголем од оној на популарниот модел „Bold“. Во исто време интернет-пребарувачот е три пати побрз од оној на претходните модели со физичка тастатура.

classic bb1

Иако смартфонот е со свој оперативен систем, корисниците ќе имаат пристап до апликации за „Android“ од продавницата на „Amazon“.

Моделот „Classic“ е со квадратен дисплеј од 3.5 инчи со резолуција 720×720 пиксели, а има и копчиња за навигација. Смартфонот е придвижуван од „dual-core“ процесор „Qualcomm“ кој е релативно стар од 2012-та година и е со 2 GB RAM меморија. На располагање е 8 мегапиксели задна и 2 мегапикселна предна камера.

Цената на смартфонот, кој ќе почне да се продава од утре, е 449 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП