30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia претстави концепт на мало SUV возило (фото)

Kia претстави концепт на мало SUV возило (фото)

kix

На саемот за автомобили во кинескиот град Гуанџу, „Kia“ го изложи концептот „KX3“ со кој најавува влез на пазарот на под-компактни кросовери.

По „Hyundai“, кој во Кина го претстави малиот „SUV“, „ix25“, и вториот голем корејски производител ја прикажа својата верзија на кросовер од истиот сегмент.

Концептот на „Kiа-KX3“ најавува како би требало да изгледа нивниот мал спортски теренец во оваа растечка класа на кинескиот автомобилски пазар.

kix1

„KX3“ нема типичен дизајн на „Kiа“, иако има препознатлива маска на ладилникот и стоп светла. Автомобилот е долг 4.260 mm, широк 1.760 mm, a висок 1.630 mm, додека меѓуосовинското растојание изнесува 2.590 mm. Багажникот има корисна зафатнина од 400 литри, со исправени наслони на задните седишта.

Автомобилот е придвижуван од 1.6-литарски турбо-бензински мотор со директно вбризгување на гориво (T-GDI), кој е поврзан со седум степен менувач со двојно квачило (DCT).

Моќта на моторот се пренесува на сите 4 тркала, што овој кросовер го прават употреблив и за теренско возење.

kix2

Во „Kiа“ велат дека конструкцијата на „KX3“ е направена со цел да освојат максимални 5 ѕвезди според кинеските безбедносни стандарди, „C-NCAP“, a поради подобрата пасивна безбедност зголемена е употребата на челик со голема цврстина.

Концептот „KX3“ е направен исклучиво за кинескиот пазар, а од „Kiа“ засега не потврдија дали и кога ќе започне сериското производство на овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП