УЕФА го објави наградниот фонд на турнирот кој е вториот по ранг кој го организираат на „Стариот континент“.
Секоја од 48-те екипи во групната фаза ќе добие по 1,3 милиони евра за влез, а тарифите за поени се 200 илјади евра за победа и 100 илјади за реми. Победникот во секоја група земе уште 400 илјади, а вторите тимови ќе земаат по 200 илјади евра.
Сумата од 200 илјади е приходот од учеството во 1/16 финалето, а 350 илјади евра чини пресметката во осминафиналето.
Четвртфиналистите ќе земат по 450 илјади евра, а полуфиналистите по 1 милион. Победникот на турнирот во својата каса ќе стави 5 милиони евра, а поразениот 2.5 милиони.
Значи максималниот приход на победникот на турнирот само од наградниот фонд е 9.9 милиони евра, а тука не е е пресметан износот кој ќе го добијат од телевизиските права.