1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ7 недели со 7 одлични паметни телефони

7 недели со 7 одлични паметни телефони

gernot

Во месецот кога Вип прославува седум години на македонскиот пазар за мобилна телефонија, Вип им нуди на своите постпејд корисници единствена можност во текот на седум недели да одберат седум одлични паметни телефони. Имено, почнувајќи од денес, и секој следен вторник, Вип на своите корисници ќе им понуди по еден паметен телефон неделно по одлични услови.

Заедно со оваа понуда, постпејд корисниците кои ќе го обноват или случат нов договор на 24 месеци, во текот на промотивниот период до средината на октомври оваа година, добиваат и 3 GB дополнителен бесплатен интернет месечно во текот на траењето на договорот.

За првпат корисниците на Вип, ќе можат да ги купат телефоните по одлични цени на 24 месечни рати преку потрошувачки кредит со 0% камата, обезбеден во соработка со НЛБ Тутунска Банка и се однесува на физички лица. Бизнис корисниците, пак, добиваат зголемен буџет кој ќе може да го искористат за било кој паметен телефон од портфолиото на Вип во текот на седумте недели на промоцијата.

– Во текот на седум години од комерцијалното работење на Вип во Македонија, горди сме што им овозможуваме на корисниците неограничена комуникација по достапни цени. Радоста е вистинска ако се сподели токму со корисниците, и затоа во месецот кога Вип го прославува својот седми роденден, им нуди можност на своите постпејд корисници, постојните и новите да добијат одлични паметни телефони по одлични услови. Секогаш излегувајќи пресрет на потребите на корисниците за најсовремени услуги, Вип им подарува на сите корисници кои ќе го продолжат или склучат нов договор 3 GB интернет месечно. Остануваме верни на нашето ветување Повеќе за вас, изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.

Роденденската понуда на Вип започнува денес, со одличниот паметен телефон Alcatel Idol 2 Mini S, кој ќе биде достапен за 99 денари месечна рата со тарифниот модел Vip 666. Овој паметен телефон поддржува 4G LTE, со што корисниците можат да уживаат во навистина брз мобилен интернет на 4G LTE мрежата на Вип со најголема покриеност во Македонија. Оваа понуда важи до 8 септември, а веќе од наредниот вторник ќе следи нова понуда

Севкупната понуда со телефоните, тарифите и опцијата со рати, како и новите понуди корисниците ќе можат да ги следат на веб страницата на Вип www.vip.mk.

Посебна предност имаат сите корисници на мобилната апликација “Мојот Вип ”, достапна за бесплатно симнување за Android корисници на Vip Store како и на Google play, кои покрај бројните привилегии, во делот  “Понуди за Вас” ќе можат први, ден пред сите да добијат информации што следува наредната недела во роденденската понуда.

Повеќе информации за условите за плаќање на рати, за роденденската понуда на Вип и за мобилната апликација “Мојот Вип”корисниците можат да добијат на веб страницата на Вип www.vip.mkили во контакт центарот со јавување на 077 1234.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП