Таканаречената „Greek“ култура зема замав во сите сфери од животот…
Инспирирана од стриповите и научно фантастичните приказни кои станаа популарни во текот на годините, оваа култура од ден на ден добива нови елементи и иновативни предмети. Се стана работа на високата технологија, па така, поголемиот дел од комуникациите и уживањето во тоа се одигрува преку лаптопи, телефони и компјутери. Ретко кога се играат игри со карти, со картонски табли и сетови кои се исполнети со магични фигури. Тоа што овој пат ви го претставуваме, ќе направи токму тоа и да го посакате.
„Greek Chic“ овој пат ви претставува серија на древни маси за игри кои можат да бидат централни ѕвезди на многу забавни ноќи. Овие маси не само што изгледаат сјајно, туку имаат и многу опции кои се наменети посебно за гејмерите, како што се посебни прегради за чување на игрите, мапи, фигури и друго, а тука се и специјалните тајни прегради. Како и сите други парчиња на „Greek Chic“ мебелот и овие маси се рачно направени од високо квалитетни материјали, а достапни се во верзии од дрво од орев, вишна, јавор и други драгоцени материјали.
Цената на овие маси, во зависност од дрвото, преградите и материјалот со кој се обложени, се движи од 3.000 до 16.000 долари.