30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо каде оди послушноста на кинеските граѓани

До каде оди послушноста на кинеските граѓани

h

Кинеските граѓани во голема мера ги применија мерките за штедење, кои го исклучуваат раскошот од нивниот живот.

Кинеските добавувачи на месо од ајкула, школки, луксузни пијалоци или други скапоцени работи почнаа да ги чувствуваат последиците од забраната за раскош.

Имено, новиот секретар на партијата Сји Џин Пинг им нареди на партиските и државните функционери да запрат со раскошниот живот.

Минитерството на трговија соопшти дека работата на добавувачите на скапоцени намирници во Пекинг е намалена за 35 проценти откако Сји издаде директиви пред два месеци.

Во текот на изминатата недела за прославата на лунарната Нова Година, продажбата на супа од перки од ајкула во хотелите во Пекинг се намали за 70 проценти, објавија од министерството. Продажбата на супа од школки и птичјо гнездо опаднала за 40 проценти.

Производителите на скапи пијалоци, исто така, се жалат дека продажбата е намалена, а некои од нив дури и ги намалиле цените за 30 проценти, пренесува агенцијата АП.

На состанокот на партиите во декември Сји нареди организираните прослави за високите претставници од целиот свет и свечените приеми да бидат значително поскромни.

Според новите упатства нема повеќе да бидат одржувани масовни свечености, со цел да се намалат непоребните трошоци кои го загрозуваат буџетот на земјата. Оваа порака која беше упатена од страна на Сји е прифатена со големо почитување.

Сји ги повика и граѓаните да бидат повеќе штедливи и да го избегнуваат прекумерното трошење, по овој негов повик сите ресторани во Кина спроведоа акција наречена „Исчисти ја чинијата“ со цел да се намали непотрбното фрлање на храната.

Неговите повици се објавени на сите медиуми со цел да се намали рекламирањето на скапата и скапоцена стока, од која профитираат производителите а осиромашува населението, стока која најчесто е поврзана со корупција, со цел кај луѓето да се создаде култура и правилен ред на вредностите.

По повикот на Сји, откажани се сите „луксузирања“ на државниците кои биле учесници или домаќини на најразлични случувања.

Кампањата против трошењето, исто така, се прошири и кај армијата. Кинеската народна ослободителна војска сега води повеќе сметка за храната која ја користи, односно, одредени намирници кои биле поскапи сега се заменети за поскромни намирници, а исто така се постапува и со облеката која што ја употребува, скинатите парчиња сега се поправаат и не се фрлаат како претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП