Овен (21.03 – 20.04)
Новонастанатите ситуации на работното место од вас ќе бараат поголема ефикасност, рационалност и одлучност. Се наоѓате во една навистина критична состојба од која можете многу да добиете, но и да изгубите. Не се откажувајте.
Бик (21.04 – 21.05)
Денеска ќе морате да ја покажете вашата сила во однос на одредени околности и не смеете да си дозволите слабост. Немојте да бидете пасивни, делувајте активно и само така ќе можете да ја пребродите моменталната криза. Во љубовните односи најважно е да разговарате со партнерот.
Близнаци (22.05 – 22.06)
На работното место ве очекува многу работа која многу ќе ве оптеретува. Односите со соработниците не се за пофалба па можете да очекувате судири кои ќе ве фрустрираат. Ви се закануваат трајни непријатност. Бидете внимателни и тактични.
Рак (22.06 – 22.07)
Интересните пријателства лесно ќе се претворат во нешто повеќе, а во сериозните врски ќе се разбуди нова привлечност. Ќе се почувствувате подготвени за сите предизвици кои ви ги носи животот, но не се откажувајте ниту од добрата забава.
Лав (23.07 – 22.08)
Вашиот деловен живот ќе почне да се претвора во нешто, што би можело убаво да се развива и да има солидна иднина, па дури и добра материјална заработувачка. Можете слободно да започнете со приготвувањето на новите планови. Во сериозните врски можеби ќе ја изгубите довербата во вашиот партнер.
Девица (23.08 – 22.09)
Работите ви се подржани од планетите па немојте да го жалите вложениот труд во решавањето на проблемите и отстранување на препреките. Отворено борете се за вашите работи и преземете ризик, па макар и од парична природа.
Вага (23.09 – 22.10)
Ќе постигнувате добри резултати во тоа што го работите. Имате големи шанси за помош од другите, па затоа паметно искористете го денешниот ден. Постои можност од помош која доаѓа од странство. Во сенетименталните врски бидете внимателни и не влегувајте во расправии кои можат да ви наштетат во односите со партнерот.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Љубовните односи ќе ви бидат во втор план. Рационални и практични, секој ваш потег однапред добро ќе го смислите. Слободните можат да почуствуваат привлечност кон помлада личност или можеби пријател додека другите сеуште ќе уживаат во тајните врски и двојните игри.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Љубовните односи ќе ви задаваат главоболки. Ќе имате додворувачи и ќе се почувствувате привлечни. Ако сакате да ја задржите врската во која се наоѓате нема друго решение освен да се прилагодите и да го одложите исполнувањето на вашите потреби.
Јарец (22.12 – 20.01)
Нешто повеќе се подобрува расположението. Емотивната нестабилност не е вистинска подлога за љубовни успеси. Вашите интереси повеќе ќе се движат на работен план, па затоа е можна привлечност на работното место, па дури и флерт со колегата.
Водолија (21.01 – 19.02)
На работното место ве очекуваат помали промени на кои нема да им обрнете големо внимание. Не ги занемарувајте важните работи. Внимавајте што зборувате. Многу лесно можете да се вплеткате со изјави кои ќе ви предизвикаат проблеми со околината.
Риби (20.02 – 20.03)
Време е да промените нешто, без оглед дали станува збор за ситница. Ви требаат нови предизвици што на некои во љубовта ќе им донесат препреки, а додека други ќе почуствуваат потреба за повеќе слобода. Изненадувања ги очекуваат првенствено родените во Март.