Овен (21.03 – 20.04)
Морате да го намалите бројот на обврски и да се концентрирате на тоа што е најважно. Ви недостасува енергија и ве очекуваат потешкотии, намалена концентрација и замор. Емоционално сте напнати, а постои можност и од поголеми недоразбирања во семејството.
Бик (21.04 – 21.05)
Вашата ситација и перспектви ќе бидат многу подобри и посигурни. Сепак мораме да ве предупредиме дека финансиската ситуација ви е многу несигурна а можете и дополнително да ја влошите ако ги преминете вашите граници.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе бидете концентрирани на финансиската страна на вашето работење. Несокојдневните шанси ви се зголемуваат, а истовремено и заработката и проширувањето на работното поле. Можеби ќе имате и некои неочекувани понуди и ќе одлучувате за нешто.
Рак (22.06 – 22.07)
Ве очекуваат поголеми расправии и кавги со соработниците кои можат да остават и потрајни последици. Ова не е погоден ден за започнување на некои поважни работи. Ќе имате тешкотии и со концентрацијата па затоа не се занимавајте со работи кои се поодговорни
Лав (23.07 – 22.08)
Неочекувана средба со непозната личност во многу необични околности може денес да биде вистинско освежување. Некој личен проблем и недостаток на вистинска мотивација можат да ви направат проблем во извршувањето на работните задачи.
Девица (23.08 – 22.09)
Доста напорен ден за претставниците на овој знак. Работата ве исцрпува па затоа ќе се чуствувате доста заморно. Во моментот многу ќе ви годи што повеќе да се движите и да го менувате дневниот распоред. Емоционално сте задоволни и многу привлечни за спротивниот пол.
Вага (23.09 – 22.10)
Односите со околната многу ве загрижуваат. Избегнувајте кавги бидејќи противниците ќе бидат во предност. Не ви се добро аспектирани ниту пошироките комуникации, што значи дека треба да избегнувате поголеми друштва, состаноци и собири. Во љубовниот живот исто така ќе биде зголемена напнатоста и ќе се појави криза која би можела да има трајни последици.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ве очекуваат и напредувања во работата, а особено во работите поврзани со пари ве очекуваат успеси. Ако имате намера нешто да продадете или пак да купите почнете да планирате уште од сега, бидејќи изгледите ќе ви бидат се подобри. На интимен план ќе бидете се помирни и задоволни.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе имате добри комуникации со претпоставените а и соработниците исто така нема да ви задаваат проблеми, но во меѓусебните односи не би требало да ви бидат многу блиски. Настојувајте да бидете што поорганизирани и не ги менувајте плановите.
Јарец (22.12 – 20.01)
Многу обврски чекаат на вас. Едностано не ќе знаете од каде да започнете. Работете смирено и точно, бидејќи постои можност да направите и некои грешки кои скапо ќе ве чинат. Може да очекувате и зголемен број на контакти кои во вашиот живот ќе внесат немир.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ве очекува доста акција и дружење. Ќе се обидете да ја одбегнете работната рутина и на кратко да побегнете од проблемите, што ќе ви помогне да можете со нов ентузијазам да ја согледате вашата положба. Новите почетоци ви носат и додатни оптеретувања.
Риби (20.02 – 20.03)
Посветете и повеќе внимание на работата која во брзо време треба да ја завршите. Секакви одложувања и запоставувања можат негативно да делуваат врз вашата позиција на работното место – мислете на се бидејќи се можни и непријатни пресврти. Емоционално сте доста мирни и стабилни па такви ќе бидат и односите со членовите на семејството.