30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Mazdа MX-5 пристигнува во 2015-та година

Новата Mazdа MX-5 пристигнува во 2015-та година

mazda mx pet11

По повод 25-годишнината на моделот „MX-5“ (Miata), „Mazda“ неодамна на саемот за автомобили во Њујорк го прикажа и специјалното издание наречено „25th Anniversary Edition“, како и шасијата „2015 MX-5 Skyactiv“, додека целосно новата генерација на овој двосед ќе стартува на почетокот на 2015-та година (веројатно во февруари на саемот во Чикаго).

Неодамна се појави и веста дека „Mazda“ во новиот „MX-5“ ќе вградува и четирицилиндарски 1.5 литарски атмосферски „SkyActiv-G“ бензински мотор кој исто така се нуди и во новата „Mazdа 3“ каде инаку развива 100KS и 150 Nm. Нормално, „Mazdа MX-5“ ќе добие и мотор со поголема моќност (околу 130KS), a исто така се споменува и 2.0 литарски „SkyActiv-G“ бензинец со околу 165KS. Покрај мануелниот менувач, како опција ќе биде понудена и автоматска трансмисија.

Новиот „MX-5“ и натаму ќе има погон на задните тркала, додека платформата ќе биде заедничка со моделот кој се развива заедно со италијански „Fiat“.

Во секој случај, новиот „MX-5“ ќе го одликува новиот „Kodo“ дизајнерски јазик и „SkyActiv“ технологијата на „Mazda“, а се очекува тежината на возилото да биде помала од 1050 kg ( кај верзијата со платнен покрив).

Исто така, потрошувачката на гориво ќе биде намалена за околу 30 проценти во однос на сегашната генерација, а возилото ќе го карактеризира и понискиот центар на гравитација, подоброто управување, како и поголемата удобност и пространа внатрешност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП