Италијанскиот репрезентативец Тиаго Мота потпиша официјално со ПСЖ до летото 2016-та година.
„Многу сум среќен што ќе го продолжам мојот сон со ПСЖ. Сакам да му помогнам на тимот да ја постигне својата цел и да ја освоиме титулата во Франција, но и да триумфира во Лигата на шампионите“, коментира 31 -годишниот фудбалер.
Тиаго Мота одигра 47 натпревари за парижаните, а притоа реализира 5 погодоци на средбите од првенството. За репрезентацијата на Италија тој има 18 средби и еден гол.
Раководството на ПСЖ во исто време води преговори со бразилскиот дефанзивец Алекс и францускиот репрезентативец Блес Матуиди за продолжување на нивните договори.
Според француските медиуми Алекс ќе го обнови договорот со ПСЖ до летото 2016-та година.
Доколку го прифати понудениот предлог, Матуиди ќе стави потпис на договор кој ќе биде со важност до 2020-та година.
26-годишниот фудбалер стана суштински дел од составот на ПСЖ. Тој импресионираше со настапите во изминатата година.