30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали сте вреден работник или работохолик?

Дали сте вреден работник или работохолик?

vredenvorko1

Успехот се постигнува со труд и работа, но не со жртвување на сопствената приватност и животот. Вредниот работник и работохоликот не се синоними. Разликата е голема и очигледна.

Работохоликот е подготвен да работи прекувремено и без слободен ден. Тие се зависници од работа. За разлика од нив, вредните работници не се исцрпуваат себе си, не го жртвуваат приватниот живот и здравјето поради работата. Вредните луѓе имаат свои правила, можат да останат неколку часа по завршувањето на работното време во случај да го довршат започнатото, но тие не го жртвуваат своето слободно време и животот без итна потреба.

Кога зборуваме за работохолик, тогаш зборуваме како за било кој друг зависник, кој ужива во малите моменти на среќа. Во овој случај кога станува збор за зависник од работа, неговото незадоволство ќе се зголемува од ден во ден, бидејќи неговата вистинска среќа не лежи во работата, колку што тоа парадоксално изгледа. Со тек на време овие луѓе започнуваат да влијаат на постигнувањето на резултати во организацијата, на работата на останатите работници во организацијата, бидејќи тие не знаат да функционираат во тим, туку како индивидуалци. Постојаната потреба за докажување и натпреварувачкиот дух на кој му се потчинети, не може да ги направи тимски работници, туку конкуренти на сите останати, поради нивната наметлива природа.

Бизнис културата и деловните правила денес се менуваат со брзина на светлината, а тоа е причината поради која работохолиците се потешко се вклопуваат во деловниот амбиент. Решението за еден работохолик, лежи во спроведувањето на граници во работата во вид на работно време каде не може да останува прекувремено, со поттикнување на социјализацијата и колегијалноста во рамките на организацијата во која работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП