30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорд во извозот на часовници во 2012 година

Рекорд во извозот на часовници во 2012 година

casovnici1

Со оглед на тоа што луксузната роба бележи рекорди во продажбата, можеме ли да кажеме дека кризата поминува или дека само ги одминува најбогатите?

Поточно, француската група „LVMH“ оствари рекорден профит во минататa година, нејзиниот профит изнесуваше 3,43 милиони евра.

Исто така, луксузната роба на брендот „Christian Dior“ ја зголеми продажбата за 24 проценти во 2012 година, и достигна вредност од 1,24 милијарди евра.

Извозот на часовници од Швајцарија во 2012 година беше на рекордно високо ниво од 21,4 милијарди швајцарски франци (17 милијарди евра). Тоа е зголемување од 10,9 проценти во однос на 2011 година, соопшти Федерацијата на швајцарските часовници.

Швајцарската индустрија на часовници доживеа невиден раст во последните три години, особено во Кина, но таквиот раст „не е долгорочно одржлив“, изјавија од Федерацијата.

Компанијата која е „број еден“ во оваа индустрија, „Swatch Group“, забележа одличен раст, таа очекува зголемување на вкупното производство на оваа гранка од швајцарската индустрија за пет до десет проценти.

Федерацијата, потенцијален раст на продажбата гледа во Индија, Виетнам и Индонезија, но и понатака се потпира на Кина.

Изненадувањето пристигна од Европа: растот на продажбата на часовници, делумно со помош на туристите, е забележан во Франција (1,3 проценти), Италија (16 проценти), Шпанија (17,4 проценти), а посебно во Германија (33,1 проценти). Вкупниот раст на продажбата на швајцарските часовници во Европа во декември достигна 13,3 проценти.

Вкупниот број на извезени часовници забележа намалување, за 2,2 проценти, на 29,1 милион парчиња, но нивната вкупна вредност значително се зголеми за 11,5 проценти, на 20,2 милијарди франци, поради значителното зголемување на опсегот на моделите.

Часовниците кои чинат повеќе од 3.000 швајцарски франци (2,420 евра), забележаа значителен раст на бројот на продадени парчиња (13,1 проценти) и во вкупната продажба достигнаа 18 проценти од вредноста.

Останатите сегменти од понудата, исто така, забележаа раст, со исклучок на часовниците поевтини од 200 франци (160 евра) кои, сепак, и понатака претставуваат 68 проценти од вкупниот број на продадените производи, но овој пат со мал пад од 5,9 проценти.

Врвните златни часовници, со раст на продажбата од 20,5 проценти, се одраз за промената на побарувачката од моделите со среден кон моделите со висок квалитет.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП