Обожавателите на „Ferrari“ брендот ќе бидат воодушевени со нивната најнова понуда…
Во прашање е фантастична сребрена скулптура на коњ што се подига, што е еден од најпрепознатливите симболи во светот. Оваа луксузна скулптура е рачно изработена со традиционални методи, од 9.25 сребро. Тежината на оваа скулптура е 850 грама, а висока е 20 сантиметри.
Оваа фантастична скулптура е претставена во интензивна црвена и луксузна подарок-кутија, со нумерирана етикета, која го гарантира ексклузивитетот на предметот. Само 99 скулптури се достапни во продажба, по цена од 6.690 долари.