30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинезите го превземаа лондонското такси

Кинезите го превземаа лондонското такси

taxi1

Познатото црно такси, еден од најпрепознатливите симболи на Лондон, преминува во рацете на кинеската компанија „Geely Holding Group“

„Geely“, која е сопственик и на шведскиот Волво, соопшти дека ја купила британската компанија „Manganese Bronze Holdings“, која го произведуваше познатото британско такси.

Кинеската компанија наведува дека ја купила компанијата „Manganes“, која минатата година прогласи банкрот, за околу 11 милиони фунти (17,5 милиони долари). „Geely“ беше сопственик на 20 проценти од акциите на британската компанија пред таа банкротира.

„Geely“ во 2010 година ја купи компанијата Волво, а исто така, произведува и сопствена марка на автомобили.

„Ние имаме намера да го вратиме успехот на овој познат автомобил“, изјави претседателот на „Geely“, Ли Шуфу, напоменувајќи дека компанијата ќе продолжи да произведува и да ги сервисира деловите на „Manganes“. Популарниот коцкаст автомобил такси ТХ4 ќе се произведува во англискиот град Ковентри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП