Кинескиот технолошки гиган „Lenovo“ денеска го претстави својот најнов паметен телефон наречен „Vibe Z“ (K910), кој ќе се најде во продажба ширум светот, иако не е беше објавено кога точно и по која цена.
Оваа компанија многу често ги користи чипсетовите на „MediaTek“ за своите телефони, овој пат тие се одлучија за моделот на „Qualcomm“. Тоа што го одликува овој смартфон е 5.5 инчниот „full HD IPS“ екран со 400 ppi густина на пикелите, како и платформата „Android 4.2.2 Jelly Bean“.
Кога станува збор за хардверот, овој смартфон има 2,2 GHz „Qualcomm Snapdragon 800“ чипсет, 2 GB RAM меморија, 16 GB интерна меморија, „Adreno 330 GPU“, како и камера од 13 мегапиксели.
Новиот смартфон има дебелина од 7,9 mm, а на купувачите ќе им биде понудена можност за купување на маски во различни бои.