30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJohnson&Johnson ja плаќа најголемата глоба во САД

Johnson&Johnson ja плаќа најголемата глоба во САД

johnson_and_johnson

Американската компанија „Johnson&Johnson“ треба да и плати на американската влада парична казна од над 2.2 милијарди долари, поради незаконски маркетинг операции. Ова го соопшти американското Министерство за правда, а беше пренесено од светските агенции.

Договорот склучен меѓу властите и концернот е резултат од истрагата која траеше речиси 10 години. Според експертите глобата која ќе ја плати „Johnson&Johnson“ е меѓу најголемите во историјата на САД.

Компанијата и нејзините подружни структури им нуделе на клиентите употреба на медицински препарати на начини кои не добиле соодветно одобрение од Американските власти. Станува збор за лекот „Risperdal“ и други препарати.

„Овие компании имаат полни џебовите со пари за сметка на американските даночни обврзници, пациентите и приватниот бизнис“, рече Министерот за правда, Ерик Холдер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП