Американската компанија „General Electric“ (GE), забележила пад на профитот во третиот квартал од девет проценти, со намалување на приходите, поради реструктуирањето на своите финансиски гранки и неповолните девизни курсеви.
Нето заработката на американскиот индустриски гигант изнесувала 3,2 милијарди долари во три месеци заклучно со септември, девет проценти помалку во однос на 3,5-те милијарди од истиот период лани, пренесува агенцијата Франс прес.
Приходите се намалени за 1,5 проценти на годинашно ниво, на 35,7 милијарди долари. „GE“ веќе трет квартал по ред бележи пад на приходот. Компанијата, сепак, наведува дека е задоволна со резултатите, додавајќи дека нарачките низ светот пораснале за 19 проценти.