30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Последен ден за компромис

САД: Последен ден за компромис

sad13

Американскиот претседател Барак Обама изрази надеж дека американската буџетска и должничка криза ќе биде решена, иако рокот истекува вечер на полноќ. Обама истакна дека верува во договор, по напредокот кој е постигнат во разговорите меѓу демократите и републиканците.

Претставничкиот дом на Конгресот, кој го контролираат републиканците, денес најави сопствен предлог за излез од кризата, за кој ќе се гласа доцна вечерва.

Според тој предлог, како што пренесуваат медиумите, лимитот за задолжување би бил продолжен до 7. февруари, додека финансирањето на федералните активности на владата ќе биде продолжено до 15. декември, оставајќи време дотогаш да се постигне траен договор.

Планот на републиканците предвидува и низа измени поврзани со Законот за здравственото осигурување (Обамакер).

Сеуште не се знае како демократскиот Сенат ќе одговори на оваа понуда, бидејќи излезе со свој предлог, според кој лимитот за задолжување треба да биде продолжен со 15. февруари, додека средствата од буџетот до 15 јануари.

Како еден од индикаторите за криза, најавено е и можното намалување на кредитниот рејтин од „ААА“ на „АА“, доколку вечерва не биде постигнат договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП