Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.08 – 31.08.2023 година вкупниот промет изнесувал 195.001.584 денари и е намален за 0.72 отсто во однос на претходниот месец.
Класичното тргување изнесувало 126.715.837 денари и е намалено во однос на јули за 16,88 отсто кога изнесувало 152.448.876 денари.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 124.285.450 денари и обврзници во вредност од 2.430.387 денари.
Блок трансакциите за август изнесувале 68.285.747 денари.
Бројот на трансакции во август изнесувал 637 и е намален за 18,65 отсто во однос на јули кога изнесувал 783.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за август се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.
Месечниот статистички билтен за август 2023 година можете да го погледнете тука.