30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси половина од Американците сметаат дека нивните пари не се безбедни во...

Речиси половина од Американците сметаат дека нивните пари не се безбедни во банките

Речиси половина, или поточно 48 отсто од Американците се загрижени за безбедноста на нивните банкарски депозити, покажува истражувањето на Галуп спроведено еден месец по колапсот на Silicon Valley Bank и Signature bank.

Банкротираше и First Republic Bank оваа недела, со што стана трета голема американска финансиска институција која ги затвори вратите за три месеци, што повторно ги зголеми стравувањата за стабилноста на финансискиот пазар во Америка.

Речиси една петтина, или 19 отсто, од 1.013 анкетирани Американци изјавиле дека се „многу загрижени“ за судбината на нивните финансии, додека други 29 отсто се умерено загрижени. Највисокиот процент биле оние кои „не биле премногу загрижени“, со 30 проценти и 20 проценти биле целосно безгрижни.

Бројките беа слични на оние што ги објави Галуп во 2008 година по колапсот на Леман Брадерс, „преголема за да пропадне“ инвестициска банка чиј колапс ја предизвика најтешката финансиска криза од Големата депресија.

Американците кои заработуваат помалку од 100.000 долари годишно имаат малку поголема веројатност да се грижат дали нивните пари се безбедни во банка отколку оние кои заработуваат повеќе од тоа, иако нивните приходи ја надминуваат државната гаранција за депозити од 250.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП