Интернет страната за продажба на половни возила „AutoScaut24“ направи истражување коe покажа дека секој трет фан на класичните автомобили во Европа сонува да го има оргиналниот Форд Мустанг. Второто место го зазема „BMW M1“ од 1979-та, додека на третото место се најде популарната „буба“.
Форд Мустанг е автомобилот од соништата за 37 проценти од анкетираните, за „BMW M1“ се одлучиле 20 проценти од нив, додека за „буба“ се определиле 11 проценти. Во анкетата учествувале 75.046 корисници на услугите на страната „AutoScout24“ од Германија, Австрија, Франција, Италија, Шпанија, Холандија и Белгија.
Четвртото место во анкетата го зазема и оргиналниот британски „мини“, a петти е „citroen 2CV“, кај нас познат како „спачек“, додека на шестото место се најде уште една икона на Фолксваген – Комби, односно познатиот модел „Typ 2“, кој наскоро ќе престане да се произведува по повеќе од пола век.
А кој е вашиот омилен класичен автомобил?