2 мај, 2024
ПочетнаДИЕТИКардиолошка диета

Кардиолошка диета

Кардиолошката диета првично била наменета за пациентите со срцеви заболувања. Сепак, оваа диета поради добрите резултати и отсуството на несакани дејства, може да ја применат и здравите лица.

Диетата трае 15 дена и овозможува губење до 15 килограми. За оваа диета најважно е да го почитувате распоредот на намирниците и оброците одредени во планот на исхрана. Во спротивно диетата нема да го даде посакуваниот ефект.

Појадокот е ист за следните 15 дена:

1 овошје – портокал, крушка, праска, диња, лубеница… (освен банана и грозје), 1 двопек, кафе или чај без шеќер

Ден 1:

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 кисело млеко

Вечера: 2 домати (2 дл. варени домати), 1 јајце, ½ краставица, 2 двопека

weight-management-center

Ден 2:

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 кисело млеко

Вечера: 125 г. варено мелено јунешко месо, 1 домат, 1 портокал, 1 двопек, кафе

Ден 3:

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 кисело млеко, 1 краставица

Вечера: 125 г. варено мелено јунешко месо, 1 портокал, 1 двопек, кафе

Ден 4:

Ручек: 125 г кравјо сирење, 1 домат, 1 двопек

Вечера: 125 г. варено мелено јунешко месо, 2 домати, 1 јаболко, 1 двопек

o-VEGETARIAN-DIET-facebook

Ден 5:

Ручек: 200 г варено месо или риба, 1 домат, 1 двопек

Вечера: ½ варен зеленчук (морков, грашок, компир), 1 јајце, 1 домат

Напомена: Месото и варениот зеленчук зачинете ги со мешан сув зеленчук. За време на диетата алкохолот е забранет. По првите 5 дена се губат 2,5 килограми, а диетата се повторува три пати по пет дена и за 15 дена се губат до 15 килограми (зависно од вашите килограми) без никакви последици по здравјето, а килограмите не се враќаат по диетата. По завршувањето на диетата јадете нормални, а за одржување на килограмите секој понеделник јадете:

Појадок – чаша сок од лимон без шеќер

Ручек – јаболко, двопек

Вечера – јајце, домат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП