30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСквернавење или неизбежност? Пристигна првиот електричен „Abarth“ (ФОТО/ВИДЕО)

Сквернавење или неизбежност? Пристигна првиот електричен „Abarth“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Fiat 500“ и „Abarth“ совршено се совпаѓаат, а спортските верзии се едноставно неодоливи. Досега под хаубата имаше 1.4-литарски турбо-бензинец кој не се срамеше од својот звук, но работите се менуваат и во овој автомобилски сегмент.

Сега основата е нова, па така и изданието „Abarth“ е различно. Сепак, некои работи остануваат исти, како што е тоа што малиот на „Fiat“ победува со дизајнот и перформансите дури и во електричната верзија.

Верувале или не, дури и „рикањето“ на моторот е таму, но тоа не доаѓа од електричниот мотор, туку од генераторот на звук, кој ќе обезбеди „Abarth“ да звучи како што треба.

За погонот е одговорен еден електромотор со 155 ks и 235 Nm, што е зголемување за 37 ks и 15 Nm во однос на стандардната верзија „500e“.

Не е многу, но се чувствува додека возите. „Abarth“ нуди режим на засилување, така што автомобилот забрзува многу подобро од обичните „500e“.

На пример, тој достигнува до 100 km/h за две секунди порано, односно за само седум секунди.

Возачот има избор помеѓу три стила на возење, т.е. режими на работа.

Во режимот „Turismo“, моторот е пригушен до 136 ks и 220 Nm, „Scorpion Street“ го ослободува целиот потенцијал на моторот, но со максимално регенеративно сопирање, додека режимот „Track“ го ослободува својот целосен потенцијал, но со намалена автономија на возење.

Батеријата остана иста, со капацитет од 42 kWh и со можност за полнење до 85 kW. Преведено во бројки, тоа значи 5 минути полнење за 40 km автономија, односно капацитет од 0-80% за 35 минути.

Што се однесува до автономијата, јасно е дека ќе биде нешто помалку во споредба со „Fiat 500e“ и неговите 321 km.

Ако го споредиме овој модел со бензинскиот „Abarth 595“, електричната верзија е послаба за 10 ks, но „Abarth“ вели дека е „побрзо и позабавно и во двата случаи, урбаното и возењето на отворен пат“.

Оправдувањето го гледаат во подобрата распределба на масата, поголемиот вртежен момент и поголемо растојание меѓу оските.

Назад кон звукот. До 20 km/h автомобилот има „нова гитарска мелодија“, додека како опција се нуди репродукција на оригиналниот звук на „Abarth“. Инаку, бензинецот „Abarth“ ќе остане во понудата околу уште една година.

За дизајнот нема потреба да се трошат зборови, а на крајот ќе споменеме дека „Abarth 500e“ ќе се нуди и во двете варијанти на каросеријата (купе и кабрио). Беше најавена и специјална серија „Scorpionissima“ од 1.949 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП