Фудбалерот на Барселона Жерар Пике изјави дека новиот играч на Реал, Герет Беил би можел да има проблеми со притисокот и големите очекувања.
Пике како причина за тоа ја истакна сумата од 100 милиони евра, која мадрискиот клуб ја плати за него.
„Никогаш не можете да знаете како некој играч ќе се прилагоди во новиот клуб, особено е тешко во средина во која се присутни Роналдо и Бензема. Реал е голем клуб, тешко ќе му биде на Беил“, изјави Пике.
Сагата за преминот на Беил од Тотенхем во Реал траеше речиси два месеци.
„Кога играте во голем клуб како што е Реал, секогаш ќе бидете под притисок бидејќи победата е задолжителна на секој натпревар. Тоа е тежок живот. Се надевам дека ќе игра добро, но сепак ќе видиме. Првиот месец ќе му биде најтешко“, додаде Пике.