30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски: Конфликтот со Русија нема да заврши додека не го ослободиме Крим

Зеленски: Конфликтот со Русија нема да заврши додека не го ослободиме Крим

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во средата дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим, кој Москва го анектираше.

Крим е украински и никогаш нема да се откажеме од него, рече Зеленски во своето видео обраќање ноќеска.

„Црноморскиот регион не може да биде безбеден се додека Крим е окупиран. Нема да има стабилен и траен мир во многуте земји на брегот на Средоземното Море се додека Русија може да го користи нашиот полуостров како своја воена база. Оваа руска војна против Украина и против цела слободна Европа започна со Крим и мора да заврши со Крим, т.е. негово ослободување“, рече Зеленски.

Претходно во вторникот беа пријавени експлозии во руска воена база на полуостровот на Црното Море, а владата во Киев соопшти дека не е одговорна.

Њујорк Тајмс објави дека украинската војска нападнала клучна руска воздушна база таму со непознато оружје.

Крим е под контрола на Москва откако Русија го анектираше полуостровот во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП