30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонско кредитно биро – основа за сигурен бизнис

Македонско кредитно биро – основа за сигурен бизнис

Досегашното искуство на деловното работење кај нас, покажува дека фирмите најчесто се соочуваат со недоволно познавање на ликвидноста на бизнис-партнерите со кои соработуваат, како и со нивното подмирување на финансиските обврски, наплатата на побарувањата и уште со ред други неизвесности. 

Токму немањето увид во вистинските информации, може да доведе и до ризични зделки што го загрозуваат понатамошното работење или партнерство. За среќа, постојат начини да се дојде до точните информации и тоа преку Македонското кредитно биро. Оваа институција уште од 2008 година обезбедува информации со кои правните лица може да ја подобрат наплатата на своите побарувања. Македонското кредитно биро – МКБ управува со единствениот систем во кој се врши собирање, обработување и размена на податоци за финансиските обврски на правните и физичките лица и дава информации за задолженоста и редовноста во подмирувањето на овие обврски кои се неопходни за обработка на детални извештаи за финансиската стабилност на правните и физичките лица.

Базата на податоци со кои располага МКБ се ажурира на дневна и месечна основа, што носи поголема сигурност при деловното одлучување и унапредување на работењето. Македонското кредитно биро располага и нуди различни видови извештаи кои обезбедуваат брз и лесен увид во сопствениот статус на долговите и нивното подмирување. За физички лица би ги издвоиле Сопствениот извештај, Извештајот за блокада и други, а од извештаите за правни лица Корпоративен-бонитетен извештај, Кориснички извештај, Сопствен извештај за правни лица, меѓународни извештаи, мониторинг на правни субјекти, АСИС(алармен систем за известување на субјекти) и други.

Користењето на услугите на Македонското кредитно биро значи поседување здрав темел врз кој се гради успешна компанија.  

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП