30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРААлбумот на Адел го пропушти рокот за номинации за „Греми“

Албумот на Адел го пропушти рокот за номинации за „Греми“

Новиот албум на Адел не го исполни крајниот рок за „Греми“, но ќе може да се квалификува за в година.

Албумот „30“ нема право на ниту една номинација за Греми-награда поради датумот на неговото издавање.

Материјалот што ги исполнува условите за „Греми 2022“, за кој номинациите беа објавени во вторникот, мора да биде објавен помеѓу 1 септември 2020 година и 30 септември 2021 година, според Академијата за снимање.

33-годишната поп-дива го објави првиот сингл Easy on Me од албумот на 15 октомври 2021 година, а албумот „30“ како целина беше издаден на 19 ноември 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП