Руската нафтена компанија „Газпромнафт“, компанијата ќерка на рускиот енергетски великан Газпром и американската компанија „Halliburton“, позната пред се по енергетските услуги, склучија договор за стратешка соработка, според која ќе воведат нови технологии и ќе ја подобрат ефикасноста во работата на нафтените платформи.
Претставниците на двете компании редовно ќе се состануваат на состаноците на кои ќе ги разменуваат информациите и ќе ја развиваат новата технологија, објавија тие во најновото соопштение.
Со помош на новата технологија, двете компании сакаат до 2020 година да произведат двојно повеќе нафта, а ќе имплементираат и проекти за искористување на неконвекционалните извори на енергија, како што е гасот во шкрилци во Ханти Мансиск.