30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБајден и Си Џинпинг 90 минути на телефон: Согласни дека ривалството не...

Бајден и Си Џинпинг 90 минути на телефон: Согласни дека ривалството не треба да се претвори во конфликт

Американскиот претседател Џо Бајден телефонски разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг.

За време на разговорите, двајцата лидери ја истакнаа потребата ривалството меѓу најголемите светски економии да ескалира во конфликт, соопшти Белата куќа.

Како што беше наведено, двајцата лидери вчера имаа широка дискусија, во текот на 90 минутниот разговор, за стратешките прашања, кои вклучуваа области каде што има заеднички интереси, како и оние каде што има несогласувања меѓу двете земји, пренесува Ројтерс.

„Претседателот Бајден ја истакна континуираната посветеност на САД за мир, стабилност и просперитет во Индо-Пацификот и во целиот свет, и двајцата лидери разговараа за одговорноста на двете страни да обезбедат, конкуренцијата меѓу двете земји да не ескалира во конфликт“, се вели во соопштението.

Исто така, беше кажано дека разговорот се фокусирал на економските прашања, климатските промени и пандемијата на ковид -19.

Кинеските државни медиуми објавија дека разговорот бил „искрен“ и „сеопфатен“ и нагласија дека претседателот Си рече дека американската политика кон Кина во голема мера ги оптоварува односите меѓу двете земји.

Според овој извештај, двете страни се согласија да одржуваат чести контакти и дека тимовите на оперативно ниво исто така ја интензивираат комуникацијата.

Повремените средби на високо ниво од првиот телефонски разговор на Си и Бајден во февруари донесоа слаб напредок во голем број прашања, од климатските промени до човековите права и транспарентноста на истрагата за потеклото на коронавирусот. Оттогаш, двете земји речиси постојано разменуваа обвинувања, санкционираа службеници и се критикуваа едни со други за неисполнување на меѓународните обврски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП