Главоболка, сува уста, исцрпеност, мачнина… Ова се чести последици по новогодишното славење. За среќа, постои домашен лек кој многу помага, а вие можете да го направите сами.
Славејќи ги новогодишните празници многу лица претерале со храната и пријалоците, а последиците од прекумерното уживање во храната и алкохолните пијалоци воопшто не се пријатни.
Затоа, што чекате, подгответе го овој домашен напиток и вратете се „во живот“…
Потребни состојки:
– 2 дл вода
– 2 дл свежо цеден сок од портокал
– ¼ лажица сол
– половина лажица свежо рендан ѓумбир
Измешајте ги сите состојки и напитокот пијте го во помали голтки. Комбинацијата на вода, со витамини и јаглехидрати веднаш ќе ви ја поврати изгубената енергија, ќе ја намали мачнината, ќе го прочисти и освежи вашето тело.