30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо не се откажува од Руни

Мурињо не се откажува од Руни

rooney_2

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо изјави дека клубот нема на намера да се откаже без да го доведе играчот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.

Англискиот шампион веќе ги отфрли двете понуди од лондонскиот клуб и се категорични дека не сакаат да го продадат напаѓачот.

Иако трансфер прозорецот завршува на почетокот на септември, Мурињо инсистира дека нема намера да се откаже од својата цел.

„Нема краен рок за привлекување на Руни. Во тимот имаме доволно напаѓачи, но во Руни гледаме играч кој го сакаме во составот“, изјави Португалецот.

„ Ги правиме работите легално, па поради тоа упативме официјална понуда директно до клубот, без разговори или контакт со фудбалерот. Апсолутно никаков личен контакт. Ги правиме работите на етичкиот начин и ќе се бориме до последниот ден да го оствариме трансферот“, дополни тренерот на сините.

Се очекува во наредните денови Челзи да упати нова трета понуда за напаѓачот, кој според медиумите ќе биде во вредност поголема од 30 милиони фунти. Претходно оваа недела англиските медиуми објавија дека Вејн Руни изразил желба да ги напушти „црвените ѓаволи“, бидејќи не ја гледа својата иднина на „Олд Трафорд“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП