30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕл Салвадор е првата земја во која биткоинот станува средство за плаќање

Ел Салвадор е првата земја во која биткоинот станува средство за плаќање

Претседателот на централноамериканската држава Ел Салвадор Наџиб Букеле (39), преку видео порака на конференцијата за биткоин во Мајами објави дека следната недела ќе предложи закон со кој биткоинот ќе стане законско средство за плаќање во таа земја.

Тој верува дека овој потег може да му помогне на Ел Салвадор да се придвижи напред, објави АП.

„Следната недела, ќе испратам закон до Конгресот за формализирање на биткоинот како средство за плаќање во Ел Салвадор. „Ова ќе создаде нови работни места и финансиска помош за илјадници луѓе кои се во зоната надвор од официјалната економија на краток рок, а на среден и на долг рок се надеваме дека оваа мала одлука ќе ни помогне барем малку да го турнеме човештвото во вистинската насока “, рече Букеле.

Американскиот долар е официјална валута во Ел Салвадор, а четвртина од населението на земјата живее во САД – само минатата година тие испратиле дома повеќе од шест милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП