30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДоколку ги имате овие симптоми по вакцинацијата, можеби сте заразени: Четири многу...

Доколку ги имате овие симптоми по вакцинацијата, можеби сте заразени: Четири многу невообичаени знаци укажуваат на инфекција со коронавирус

И покрај фактот дека процентот на заразени лица меѓу вакцинираните е мал, експертите откриле дека тие имаат четири многу карактеристични симптоми.

Вакцината за коронавирус не значи дека некое лице нема да биде заразено со вирусот, но според сите досега достапни докази, значително го намалува ризикот од компликации и сериозни клинички слики предизвикани од овој вирус.

Се случува луѓето да се заразат со ковид по вакцинирањето, а токму ваквите случаи ги анализирале научниците од Кралскиот колеџ во Лондон. Тие следеле 1,1 милиони луѓе кои биле вакцинирани од декември до средината на мај и се покажало дека само 2.278 биле заразени, што е 0,2 проценти. По втората доза, имало дури и помалку заразени – 187 или 0,03 проценти.

И покрај фактот дека процентот на заразени лица меѓу вакцинираните е мал, експертите откриле дека тие имаат четири многу карактеристични симптоми.

1. Кивање

Иако кивањето не е на списокот на официјални симптоми на ковид-19, експертите советуваат луѓето да обрнат внимание на тоа. Овој симптом се појавил во 24% од случаите, најчесто кај лица помлади од 60 години кои се заразиле со коронавирус по вакцинацијата.

2. Отежнато дишење

Може да биде симптом на бројни други болести и здравствени состојби, но меѓу нив е и инфекцијата со коронавирусот. Ако имате проблеми со дишењето по примањето на вакцината, не е лошо да се обратите кај вашиот лекар.

3. Болка во ушите

Друг потенцијален симптом што укажува на корона кај вакцинираните лица е болка во увото.

Пациентите со ковид кои не биле вакцинирани против корона се пожалиле на тинитус, односно зуење во ушите. Ако почувствувате болка во увото неколку дена по примањето на вакцината, можно е да сте се заразиле со вирусот.

4. Отечени жлезди

Отечени жлезди под пазувите или на вратот исто така може да бидат знак на инфекција. Може да биде и несакан ефект од вакцинацијата, иако експертите велат дека се многу ретки. Ако тоа се случи, тие обично се појавуваат во првите 24 часа по вакцинирањето и траат еден или два дена.

Ако имате какви било симптоми што ве загрижуваат или се сомневате во корона, најдобро е да одите на лекар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП