После ова чистење ќе бидете поздрави…
Овој многу моќен напиток може да ви помoгне да го исчистите црниот дроб, но и да се ослободите од вишокот килограми без многу напор. Кога вашиот организам е полн со токсини, црниот дроб тогаш не може нормално да ја обавува својата функција. Затоа слабеењето е забавено, додека килограмите брзо се таложат.
Црниот дроб е еден од најважни органи од кој многу значи дали ќе ослабиме и колку. Токму поради него многу луѓе не можат да ослабат без оглед колку се трудат.
Доколку и вие сте меѓу оние кои постојано се обидуваат да ослабат а не им оди, применете го овој рецепт и прво исчистете го црниот дроб така што ќе го консумирате овој напиток три пати дневно во рок од пет дена. За тие пет дена избегнувајте тешки оброци и јадете здраво за да го олесните процесот на детоксикација.
Потребно ви е:
– 3 лимони
– 1 шолја исецкан магдонос
– 5 страка целер
– 6 шолји вода
Подготовка:
Ставете го сокот од лимон, магдоносот и целерот во блендер и измешајте, потоа додадете ја водата и повторно измешајте. Пијте по две чаши од напитокот три пати дневно на празен стомак, пет дена, а потоа направете пауза од десетина дена и можете да го повторите процесот.