Тибетскиот чај пиете го голтка по голтка преку целиот ден, или уште подобро, по една шолја пред секој оброк, за добро здравје и долговечност.
Состојки:
– 5 гр рендан ѓумбир
– 2 лажици лимонов сок
– лажица мед
– прстофат мелена лута пиперка и прстофат анасон
– 2 л вода
Подготовка:
Водата оставете ја да врие 5 минути, а потоа оладете ја. Потоа додадете го ѓумбирот, лимоновиот сок, медот, пиперката и анасонот. Чајот пијте го голтка по голтка преку целиот ден или уште подобро по една шолја пред секој оброк.
Оваа количина е доволна за три лица.