30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСеријата „Vivo X60“ презентирана и за глобалните пазари

Серијата „Vivo X60“ презентирана и за глобалните пазари

Откако серијата „Vivo X60“ дебитираше во Кина во декември минатата година, дојде време кинеската компанија да претстави три нови телефони за пазарите надвор од Кина. Тоа се „Vivo X60“, „X60 Pro“ и „X60 Pro Plus“.

„Vivo X60“ и „X60 Pro“ доаѓаат со некои големи промени во споредба со верзиите за Кина. Двата телефони имаат чипсет „Snapdragon 870“, наместо чипот „Exynos 1080“. Покрај тоа, глобалната верзија на „X60 Pro“ има само една камера со фокус на зумирање, преку телефото леќа од 13MP 2x.

„X60 Pro“ има закривен 6,56-инчен „OLED“ панел (FHD +, стапка на освежување 120Hz) и поддршка за полнење од 33W на батеријата од 4.200mAh. Во областа на камерите, има главен сензор од 48MP, ултра-широк фотоапарат од 13MP од 120 степени и гореспомената телефото-камера од 13MP 2x. На предната страна се наоѓа селфи сензор од 32MP.

Стандардниот „X60“ во основа ги има истите спецификации како и моделот „Pro“, но екранот е рамен. Батеријата е малку поголема и има капацитет од 4.300mAh. „Pro“ моделот има малку поголема решетка за главната камера (f / 1,48 наспроти f / 1,79).

Веројатно најголемата разлика помеѓу двата телефони е во тоа што „Standard X60“ нема микро-гимбал систем за главната камера од 48MP, што постои во моделот „X60 Pro“.

„Vivo X60 Pro Plus“ е вистински премиум телефон, со чипсет „Snapdragon 888“, поддршка за полнење 55W и батерија од 4.200mAh. Овој модел, исто така, располага со „high-end“ камери, во форма на 50MP GN1 главен сензор со „OIS“ поддршка, 48MP ултра-широк фотоапарат со микро-гимбал систем и две камери со фокус зум (8MP 5x перископ, 32MP 2x телефото).

„X60 Pro Plus“ користи 6,56 инчен 120Hz OLED дисплеј, селфи камера 32MP, „FunTouch OS“ и сензор за отпечатоци од прст на екранот, а ова се одлики што ги споделува со другите два модели во линијата.

„Vivo X60“ и „X60 Pro“ од денес ќе бидат пуштени во продажба на над 20 глобални пазари. Во наредните месеци се очекува пошироко покривање во Европа. „Vivo X60 Pro Plus“ првично е достапен само во Индија, а на други пазари пристигнува подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП