Ракометната Федерација на Македонија на својата официјална страница ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори.
Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година, помагајќи да се квалификуваме за Европско првенство во ракомет за мажи во 2020 година.