Авикомпанијата „KLM“, холандската подружница на „Air France“, објави дека ќе укине дополнителни 1.000 работни места во текот на оваа година и изрази противење на плановите на владата да воведе обврска да ги тестира сите патници на Ковид-19 пред летот за Холандија.
Авиокомпанијата изјави дека ќе следи ново намалување на работната сила, покрај затворањето на 5.000 работни места во текот на 2020-та година, пренесува „Reuters“.
Во исто време, коалицијата од холандски авиокомпании, вклучително и „KLM“, издаде посебно соопштение во кое се вели дека се спротивставува на барањето сите патници што патуваат за Холандија да направат брз тест за Ковид-19 во рок од четири часа пред да се качат и полетаат кон оваа земја.
„Холандија ќе биде единствената земја во светот што ќе донесе вакви далекусежни мерки“, се вели во соопштението на здружението на авиокомпании.