3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„WhatsApp“ ја одложува промената на условите за користење

„WhatsApp“ ја одложува промената на условите за користење

„Whatsapp“ објави дека ги одложува промените во условите за користење за три месеци, откако многу корисници ја избришаа апликацијата од страв дека услугата за пораки ќе ги сподели своите доверливи информации со „Facebook“.

Измените требаше да стапат на сила на 8-ми февруари, а сега компанијата објави дека нема да се случи пред 15-ти мај.

Со оваа најава и кампањата за зачувување на старите услови за користење на услугата, „WhatsАpp“ се обиде да спречи масовен трансфер на корисниците на други платформи.

Од „WhatsАpp“ посочија дека ажурирањето нема да влијае на фактот дека повеќе податоци се споделуваат со „Facebook“, но првенствено е насочена кон помагање на другите компании за подобра комуникација со клиентите преку таа платформа.

„Знаеме дека има забуна и дезинформации во врска со ова ажурирање и сакаме да ги објасниме нашите принципи и факти“, нагласија тие во објавата на блогот.

Разговорите и преписката на „WhatsАpp“, како и локацијата и директориумот сепак ќе бидат шифрирани, така што ниту „Facebook“, ниту „WhatsАpp“ нема да можат да ги користат тие приватни информации, тврдат од компанијата.

Најавата за ажурирање на условите за употреба во текот на минатата недела создаде паника и предизвика гнев кај многу корисници кои рекоа дека станува збор за напуштање на основните вредности на „WhatsАpp“ која стекна многу корисници поради репутацијата за заштита на корисничките податоци на оваа платформа.

Сепак, штетата е веќе направена – деновиве има големо зголемување на преземањето на апликации како што се „Signal“ и „Telegram“ од „App Store“ и „Play Store“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП