30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Велика Британија достигна рекордни нивоа

Јавниот долг на Велика Британија достигна рекордни нивоа

Велика Британија позајми рекордни 215 милијарди фунти во првите седум месеци од фискалната година, истакнувајќи го предизвикот со кој се соочува министерот за финансии Риши Сунак при изготвувањето тригодишен план за јавни трошоци, објави „Reuters“.

Долгот на јавниот сектор во октомври изнесуваше 22,3 милијарди фунти, што е под прогнозите на економистите во студијата на „Reuters“. Кредитите во септември беа исто така остро ревидирани надолу.

Во исто време, статистиката покажа месечно зголемување на продажбата на мало од 1,2% во октомври и пораст од 5,8% во споредба со претходната година. Ова е шесто последователно месечно зголемување на продажбата на мало, а последниот раст ги надминува прогнозите на аналитичарите.

Сепак, трговците се соочуваат со тежок ноември, бидејќи многу продавници се затворени поради неодамнешните ограничувања поради коронавирусот, што ја погоди Велика Британија посилно од другите големи економии.

Јавниот долг на Велика Британија е на пат да достигне скоро 400 милијарди фунти во оваа фискална година, што е рекордна големина на економијата од Втората светска војна.

„Ова е одговорност што мора да се преземе сега, но исто така е јасно дека со текот на времето мора да осигураме дека јавните финансии се одржливи“, рече министерот за финансии Риши Сунак.

Владата веќе соопшти дека ќе го одобри најголемото зголемување на воените трошоци од Студената војна.

Но, локалните медиуми објавија дека Сунак ќе ги замрзне платите на наставниците и полицијата, а владата одби да потврди дека ќе ги задржи трошоците за странска помош на 0,7% од БДП-то.

Јавниот долг се искачи на 2,077 трилиони фунти или 100,8% од годишното економско производство во октомври, соопшти Националниот завод за статистика.

Посилниот економски раст во третиот квартал значеше дека, како дел од БДП-то, долгот благо падна од пикот од 101,2%, достигнат во септември, највисоко ниво од 1960-та година.

Националната статистика ја ревидираше својата прогноза за долгот од април до септември за 15,9 милијарди фунти по пониските трошоци за заштита на работните места и повисоки од очекуваните приходи за данок на додадена вредност.

Велика Британија, барем засега, може ефтино да позајми за финансирање на зголемените трошоци, од кои голем дел веројатно ќе исчезнат откако ќе заврши пандемијата.

Сепак, Централната банка на Англија предупреди дека постои можност за долгорочна економска штета.

Минатиот месец, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека Велика Британија најверојатно ќе мора да ги зголеми даноците по пандемијата за да се пополни јазот.

Бројките во петокот покажуваат неочекувана активност во малопродажниот сектор во октомври, пред четиринеделната блокада да стапи на сила овој месец во Англија.

„Потрошувачите започнаа со божиќниот шопинг порано во оваа година, водени од раните попусти во голем број продавници“, се вели во државната статистика.

Трговија на мало се опоравиле од блокадата, со обем на продажба за 6,7% поголем отколку пред пандемијата.

Но, голем дел од профитот доаѓа од продажба преку Интернет, а некои сектори, како што се продавници за улична облека, доживуваат сериозни тешкотии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП