Манчестер Сити постигна договор со Фиорентина за купување на Стеван Јоветиќ. Договорот ќе биде во вредност од 22 милиони фунти, а сето тоа ќе биде финализирано по медицинските тестови кои играчот треба да ги помине во текот на денот.
„Граѓаните“ дејствуваа најбрзо за репрезентативецот на Црна Гора, кој се стана четвртото засилување во селекцијата на новиот менаџер, Мануел Пелегрини.
Интерес за 23-годишниот Јоветиќ имаше и од страна на Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Се очекува Сити денеска да го објави трансферот и на Алваро Негредо (Севилја), кој вчера требаше да ги има поминато медицинските тестови.
Досега Сити во своите редови ги доведе Хесус Навас (Севилја) и Фернандињо (Шахтјор Донецк).