30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова деловна тактика: Emirates ќе ги покрие медицинските трошоци на патниците

Нова деловна тактика: Emirates ќе ги покрие медицинските трошоци на патниците

Авиокомпанијата Emirates испроба нова тактика за пополнување на авионите: покривање на медицинските трошоци на патниците кои се наоѓаат на дадениот лет.

Тоа е единствен начин да се врати довербата на луѓето во воздушниот сообраќај, а овој превозник со седиште во Дубаи одлучи дека покривањето на трошоците за лекување на заболените од COVID-19 се однесува на сите кои се далеку од дома.

Инаку, Emirates е специјализирана за летови на долги релации, што во моментов е катастрофално за нивното работење. Луѓето тешко дека го напуштаат својот град, а камоли државата или континентот.

Компанијата во текот на 14 дена потребни за карантин, ќе ги плати трошоците на пациентот – до 150.000 евра и трошоци за изолација кои изнесуваат 100 евра на ден, се вели во соопштението.

Понудата важи до 31 октомври и е бесплатна за сите корисници на нивните услуги, без оглед на избраната класа за време на летот или дестинацијата. Маските се задолжителни во авион, како и негативен тест на корона пред летот, но сепак, многу рестрикции остануваат на сила, и покрај напорите на Владата да ги ублажи.

„Луѓето бараат флексибилност и безбедност при летање, во случај да се случи нешто непредвидено. Знаеме дека тие копнеат да летаат, затоа што границите ширум светот постепено се отвораат“, соопштија од компанијата Emirates.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП