30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПродажбата на автомобили во Европа во март падна за 76 проценти

Продажбата на автомобили во Европа во март падна за 76 проценти

Продажбата на автомобили во Европа драстично паднала во април, бидејќи ограничувањата поради коронавирус во регионот ги затворија авто салоните и го стопираа производството и продажбата, покажаа во вторникот најновите податоци од оваа индустрија.

Регистрацијата на нови автомобили во ЕУ паднала за 76,3 проценти во април, во однос на истиот месец пред една година, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

– Првиот цел месец со воспоставени ограничувања поради COVID-19 резултираше со најсилен месечен пад на побарувачката за автомобили од кога почнаа евиденциите,  изјавија од ACEA, додавајќи дека бројот на продадени нови автомобили паднал од 1.143.046 во април 2019 година на 270.682 минатиот месец.

Секој од 27-те пазари на ЕУ забележал двоцифрен пад во април, но најголем пад забележале Италија и Шпанија, а регистрациите на автомобили паднале за 97,6, односно 96,5 проценти.

Во Германија продажбата паднала за 61,1 процент, а Франција во април забележала пад од 88,8 проценти.

Во Велика Британија, која веќе не е вклучена во бројки на ниво на ЕУ, продажбата на автомобили паднала за 97,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП