30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали Volkswagen ќе гради фабрика во Турција?

Дали Volkswagen ќе гради фабрика во Турција?

Volkswagen повторно ја одложи одлуката за тоа дали да гради фабрика за автомобили во Турција, пренесува Reuters.

„Сè уште имаме време и одлуката можеме да ја донесеме до средината на годината“, изјави извор за оваа агенција запознаен со случувањата во компанијата.

Оваа информација доаѓа откако Volkswagen во декември изјави дека ќе донесе одлука за планираната инвестиција во февруари. Тогаш потврдија дека не се откажале од проектот, туку само го најавија одложување на официјалната одлука и соопштение кое заеднички би требало да го дадат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел.

Тогаш беше разјаснето дека одложувањето се должи на турската воена интервенција на северот на Сирија и затегнатите односи помеѓу Ердоган и Меркел.

Потсетуваме, во ноември 2018 година германскиот производител на автомобили ја објави намерата да изгради нова фабрика во Источна Европа, во која меѓу другото ќе произведува и возила од марката Skoda Karoq и Seat Ateca.

Како што одминуваше времето, повеќе гласини за тоа кој ќе биде домаќин на новата фабрика VW се најдоа во медиумите.

Во почетокот, друштвото на потенцијалниот домаќин вклучуваше пет земји, но оттогаш изборот беше ограничен на Турција и Бугарија како најверојатни локации.

Оттогаш се зборува дека изборот ќе падне на Турција. Германските медиуми дури објавија дека државата Катар, која поседува 17 процентен удел во Volkswagen, побарала од надзорниот одбор да ја изберат Турција за таа фабрика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП