Кинеска осигурителна компанија за 260 милиони фунти (388 милиони долари) постигна договор за купување на лондонската „Lloyds Building“ каде се канцелариите на познатата осигурителна компанија „Lloyd’s“.
Ова е прва ваква зделка од страна на кинеската осигурителна компанија во Вeлика Британија, се вели во соопштението на агенцијата за недвижности „Savills“.
Зградата која е дизајнирана од Ричард Роџерс беше купена од „Commerz Real“ за 231 милиони фунти во 2005-та година, а потоа е дадена под наем на „Lloyds“ до 2031-та година.
„Нашата ликвидност и инвеститорското пребарување на лондонскиот пазар ни обезбеди идеална можност за продажба“, се вели во соопштението на членот на Управниот одбор на „Commerz Real“ – Роланд Холшух.
Од „Savills“ не го откриваат името на кинеската компанија, велејќи само дека таа е „водечка“ осигурителна компанија во земјата.