30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes најавува електрична Г-класа

Mercedes најавува електрична Г-класа

Mercedes Г-Класа не е баш најштедливо возило, но тоа ќе се промени во иднина, тврди шефот на дигиталната трансформација во Daimler, Саша Паленберг.

Паленберг најави дека на пазарот ќе се појави целосна електрична Г-класа, а неговото обраќање на Twitter и пренесувањето на зборовите на неговиот шеф, директорот на Daimler, Оле Калениус, е навистина големо изненадување.

Г-класата е веќе еден од најскапите модели во богатата понуда на Mercedes, а реално е да се очекува електричната верзија да биде уште поскапа. Најверојатно ќе се продава под ознаката EQ и ќе го следи кросоверот EQC и другите електрични модели на германската компанија во следната деценија. Меѓу нив ќе биде предводникот EQS, кој ќе служи како електричен еквивалент на С-класата. Претходно веќе сме го виделе спектакуларниот концепт кој го најавуваат.

Меѓутоа, на некои им е познато дека електричната Г-класа веќе постои, а е создадена од австриската компанија Kreisel Electric, со што го предводеше Mercedes со замена на моторот со внатрешно согорување со електричен. Kreisel Electric веќе има електричен Hummer H1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП