30 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.10.2019

Дневен хороскоп 11.10.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не ви се препорачуваат ризици или било какви игри на среќа. Ова е еден од оние денови кога играте сами против себе. Денот е поволен за да го поминете со партнерот, тој ќе ви подари утеха за проблемите кои ги имате.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ве очекуваат неколку нешта кои нема да знаете како да ги прифатите. Нема да ви се допаднат промените кои ќе настапат. Ќе ви се допадне некое необично лице, но нема да бидете сигурни дали и тоа е заинтересирано за вас.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес можеби ќе се најдете во ситуација на деловни преговори, внимавајте што коментирате. Истакнете ги вашата иновативност и креативност. Во љубовното поле ќе ви оди сосема добро, одлично ќе се снајдете при шармирањето на некое интересно лице.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денот поминете го со пријателите, раскажете им ги своите проблеми и побарајте совети. Ќе имате зголемен апетит, можеби на нервна база, внимавајте да не се прејадете, па потоа да имате проблеми со стомакот.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес денот е идеален да се одморите. Нека не ве загрижуваат работните обврски, од утре па натака полека ќе ги средите. Во љубовта ќе се најдете во емотивна дилема, нема да знаете што сакате.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе докажете дека сте способни да спроведете некои замислени нешта во дела. Околината ќе ви замери за однесувањето, премногу ги потценувате вистинските вредности. Внимавајте на здравјето, не сте во најдобра состојба.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денес можете да очекувате одлична атмосфера. Ќе имате одлична комуникација со блиските. На љубовен план доколку сте слободни ќе ви пријде некоја Водолија.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Надредените не ви се наклонети бидејќи сметаат дека не ги почитувате. Поведете сметка за однесувањето. Во љубовта се ќе ви биде розево, поминете го овој ден во прегратките на партнерот.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Идеален ден за уживање со семјството. Организирајте фамилијарен ручек, дружете се и уживајте. На љубовното поле се е во ред, потребно е само малку повеќе да го слушате партнерот.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Можно е да немате многу среќа кога станува збор за финансиите и кога станува збор за тоа поле можно е да донесувате непромислени одлуки. Љубомората и посесивноста кои ги покажувате влијаат негативно на вашата врска.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекува мала непријатност на работното место. Немојте да се залетувате со очекувањата, ќе се разочарате. Во љубовта потрудете се да и ги исполните желбите на саканата личност.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ве очекуваат доста обврски, а вие накако сте поспани. Побарајте помош од некој пријател за подобро да се организирате. Во љубовта ќе настапат на сцена некои нови и бурни случувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП