30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманскиот банкарски гигант започна со отпуштања, на удар вработените во Азија, Австралија,...

Германскиот банкарски гигант започна со отпуштања, на удар вработените во Азија, Австралија, Лондон, Њујорк…

Германската Deutsche Bank денеска отпушти работници во филијалите во Азија и Австралија во рамките на претходно објавеното реструктуирање на глобалното работење.

Акциите на Deutsche Bank, која во светот има околу 91.500 работници, на берзата во Франкфурт денеска се во опаѓање.

Работниците кои излегле од сиднејската канцеларија на германската банка изјавиле дека се отпуштени.

Директорот на лондонската филијала на Deutsche Bank, Кристијан Суинг, изјавил дека ќе бидат отпуштени работници и во Лондон и во Њујорк.

Deutsche Bank во работата беше меѓу првите десет банки во Азија, но минатата година падна на 17-то, а оваа година на 19-то место.

Германскиот банкарски гигант се соочува со долгорочни проблеми, вклучувајќи ја и профитабилноста на одредени операции и пад на цените на акциите.

Deutsche Bank во неколку наврати се обидела со реорганизација на работењето, вклучително и неуспешни разговори за здружување со Commerzbank во април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП